АФОРИЗМИ 25 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20101019

Пишување 

АФОРИЗМИ 25 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Колку жената е постара толку поголеми и’ се гаќите.

Се случува да гледаме горе, а да мислиме на доле.

Знак на чиста совест е кога си го забораваш клучот од дома оти знаеш дека ќе те пуштат да се вратиш.

Ако вината за караницата е нејзина, тоа значи дека ќе се смирите само ако на себе да ја прифатиш вината.

Безгрешна жена значи дека тој не смее да и’ писне.

Сопругата е ветена рајска градина, а другите се забранети јаболки.

Да ме сака ваков, само посебна жена може...со посебни потреби.

Повеќето хомосексуалци се културни и на тој факт се должи отпорот кон културата на балканот.

Низ вселената има објекти наречени “ Црни дупки“. Тие имаат голема привлечна моќ и голем дел од вселената се врти околу нив.

Кога се вели дека треба да ги усогласиме карактерите најчесто ни’ текнува за секс, па тоа е, нели ?

Најскокотливи се најотворените и најскриени мисли и замисли.

Кога се расправате за банални глупости значи животот ви е глуп и банален.

Ако некоја е во вонбрачна врска со бизнисмен, директор, доктор итн. тогаш велат дека таа му е љубовница. Ако е во врска со бравар, пожарникар, столар итн. тогаш за неа велат дека е курвиште.

Ако си исклучок од правилото т.е. поинтелигентен од тие како тебе во системот на хиерархиските вредности, тогаш ќе бидеш исклучен.

Што е мобинг? Мобилизирана администрација во дискриминација.

Во секоја поголема компанија постојат две потреби кои секојдневно и меѓусебно се во конфликт. Потребите за задоволување на суетите на раководниот тим и потребите за водење успешен бизнис.

Покрај вообичаените културни манифестации, имаме и : “ Лицемерни вечери за доделување плакети и други награди за тие кои себично допринесоа за уништувањето на државата “.

Целта на секоја манипулација е стварање зависност која ќе створи услови за еднострана корист од една страна и илузија на задоволување на потребите од друга страна.

На што најчесто се должи неуспехот на љубовните врски? Заради неспособност за разликување од нагонска врска.

Не сум сигурен дека стопанските криминалци вопшто влегуваат во затвор оти обично филмот завршува пред да влезе во него.

Ако сакаш да провериш колку е смирена една особа прекинувај ја во сред реченица.

Кога некој тврди дека може да предвиди иднина значи дека ги има одговорите на твоите прашања однапред и без да ги знае, нити тебе да те знае оти знае како треба со такви како тебе.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот