АФОРИЗМИ 24 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20101014

Пишување 

АФОРИЗМИ 24 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Во младоста често се гордеат со глупости, во староста се срамат од нив. Значи за да останеш млад со духот треба да се гордееш кога ќе направиш глупост.

Во врската најчесто фали тоа кое веќе го имаат.

Што е предрасуда? Кога не сакаш да одиш на ручек кај тештата или свекрвата мислејќи дека нема добро да си поминеш.

Кога ноќта е влажна полесно се спие.

Интелигенцијата повеќе не се мери со коефициент, туку со евра.

Што е министерство за култура? Министерство без ресор.

Што е градоначалник ? Лицемерен гадоначалник.

Што е премиер? Режисер на премиерна комедија.

Што е опозиција? Избркани кучиња од пред месара.

Законот најчесто е нешто кое им зема на сиромашните и им дава на богатите.

Непотизам е легален инцест.

Негативна селекција на кадри е како тезгар кој сака да ти подметне скапано овошје.

Партија е обична тетовирана банда.

Тие кои беа на власт зад себе оставија истото што и ние по голема нужда. Фали уште да пуштат вода и да не’ потопат.

Фобија од жена се потиснува со натиснување.

Моќ значи пари. Парите ти обезбедуваат моќ да сексаш кого сакаш, а тиешто велат дека не би сакале секс со тебе тоа е оти не би ти паднало на памет да им побараш.

За да не стане зависник од жени, мажот мора едната да ја направи многу.

Влада е размазено дете кое сака да си игра со боринче.

Клошарски е живот опозицијски како пијаници кога ќе се соберат и раскажуваат колку се тоа они тоа паметни, ама судбина е крива што се клошари и пијаници.

Некогаш кога жените се срамеле ги покривале усните со раката. Значи жените имаат срамежливи усни и им треба кураж.

Жените можат повеќе работи да завршат од мажите...и повеќе пати.

Убедливи зборови многу гаќички соблекуваат.

Ако наеднаш фатиш да помагаш по дома и правиш како таа ќе ти рече ќе те гледа чудно и ќе те праша дали си пиел или си користел некоја дрога. А кој сака да го третираат како алкохоличар или наркоман?

Вредиш онолку колку ќе ти дадат.

Успешен значи досаден затоа што мораш да бидеш досаден за да бидеш успешен.

Жена е како риба во чиста вода, ако ја забаталиш ќе почне да крека како жаба во мочуриште.

Кога си културен значи се трудиш да ти даде. Кога лупаш зелени значи ти дала.

Среќата е надворешна дразба. Значи за да бидеме среќни треба да бидеме надразнети.

Животот е зависен од среќата, среќата е е зависна од желбите, желбите зависат од нас.

Желбата е болест која се лечи само со исполнување, во спротивно ќе те осакати.

Да оди за калуѓер, а претходно да не проба жена, навистина е штета затоа што ништо не сфатил.
Да оди за калуѓер, а претходно пробал жена, значи се обидува да ја поправи штетата затоа што нешто сфатил.

Често се случува во брак да не се сакаат како пред брак. Затоа што се сакале пред брак. За да се сакате во брак треба и двајцата претходно да бидете во брак.

Многумина тежнеат кон легачки работи и се плашат да се задишат, а од друга страна се фалат со маратонски и напорни сексови.

Малите деца многу сакаат да трчкаат голи и без гаќи. Значи за да останеш млад со духот треба почесто да бидеш без гаќи.

Времето ни‘ дозволува, се’ што правиме да биде само еднаш. Оттука произлегува нашата невиност.

Предрасуда е да се мисли дека само сладолед може да се лиже.

Кога бара одговор, а не те слуша што кажуваш значи си однапред осуден.

Тешко ќе му ја предочиш лагата со која е заведен на некој кој е убеден дека говори вистина.

Сега наместо гаќи популарни се врвци од кондури што значи дека се по шетањето, а тие кои носат врвци од престилка се домаќинки
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот