АФОРИЗМИ 23 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20101003

Пишување 

АФОРИЗМИ 23 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Им веруваме на слаткоречиви, а никогаш на тие кои нема да не’ предадат, не се убедливи.

- Нека има пари, куќа, кола...
- А љубов ?
- Па...ќе си фатиш шфалер/ка и ете ти љубов.

Помеѓу зрел мудрец и зелена вејка тенка е разликата затоа што еден со друг се надополнуваат и се проучуваат.

Најдобро место за реклама е предниот дел од женската маица. Секој ќе се потруди да ја прочита.

Како настанува недоразбирање ? Кога тој ненамерно ќе го погреши местото до каде можат да одат, а таа ќе помисли дека е намерно.

Солидни односи имаат оние партнери кои претходно имаат изброено бар до десет.

Добар е оној кревет на кој можеш да се рашириш.

Како се познава дека таа има сериозни намери со тој ? Ако заедно пополнуваат ливче од спортска прогноза.

Реклама сред музика, филм или разгледување сајт е спам. Кога некој ти досаѓа тоа е манијачење.

Кој е суетен човек ? Тој кој се гордее со неговата настраност.

Што е ароганција ? Најобична параноја. Паранојата не е толку манија на гонење колку што е илузија на величина, значи нарцисоидност. А што е нарцисоидност ? Најобична потисната хомосексуалност.

Уметникот ( Дедо Боже) има многу дела, не не му се мили сите подеднакво. Затоа сите луѓе немаат среќа.

Ако те види некој што не треба, со некоја што не треба, ќе те најде тоа што не треба.

Сега ќе очајувам...ќе пијам чај.

Ако не е задоволна со тебе и бара да бидеш некој друг, значи сака друг.

Ако си осамен и никој не те бара значи до тебе е. Ако си осамен иако те бараат значи до нив е.

Жената е како срна отпорна на куршуми, мажок како ловец, но сепак никогаш не смее да ја испушти од нишан и да пука колку да ја зашемети.

Мислам дека жените разменуваат сексуални искуства меѓу себе преку размена на рецепти во кој има некој скриен код кој само тие го разбираат.

Ако не сакаш да те запаметат, немој да бидеш лош.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот