АФОРИЗМИ 11 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20100425

Пишување 

АФОРИЗМИ 11 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Подобро е да си сам одколку во лошо друштво, а и да седиш сам нема полошо друштво.

Кога сме сами бараме друштво, за да бираме друштво треба време, а најчесто ни’ се брза.

Провокација е кога едно кажува, а друго покажува.

Колаче на судбина :„ Те чека еден подолг...период на апстиненција“.

Најчесто безвезе и безврска станаа пријатели.

Кога доаѓаат моите пет минути обично ги одложувам, зајачки ми се гледаат.

За човек да избега од своето непријатно минато не треба да се дружи со луѓе кои знаат за него.

Проблемите во животот се решаваат само ако ги створи некој друг, никогаш ако ги створиш ти.

Првиот впечаток најчесто е зависен од тоа што го мислиме за себе во тој момент.

Во љубовта не верува љубоморниот.

Невистинското се распознава кога и да е, при посилен дожд боите се разливаат. Вистинското најчесто природно е сиво.

Никогаш не сум имал задни намери кон жена додека ја гледам во лице.

Во градот во кој живеам секој може да се почувствува посебен...и изолиран случај.

Најубавото што некој го направил за мене е кога не можел да ми помогне бар не ми сметал.

Да прочиташ книга треба да си писмен, да прочиташ човек треба да си интелигентен.

Секој од секого нешто сака затоа и се запознаваат, ако има што да се земе тогаш и се дружат.

Не сум возвишен, никогаш нема ни да бидам затоа што знам сигурно дека никој не бил.

Кога мислите се оптеретени бараат лага, понекој розев облак прошаран со сонце додека сме мокри до гола кожа.

Кога ти се прави нешто, направи го затоа што правалото во тебе најдобро знае што треба да се прави.

Селанец е човек кој живее во село, сељак е селанец кој се доселил во град.

Јас и јас конечно станавме пријатели.

Ако жената сака галење, а не дозволува секс значи сака да го возбуди и да му побара нешто што тој не би и’ дал во нормални околности.

Сакаме животот да го стекне оној смисол за кој сонуваме. Кога соновите имале смисол ?

Секој мисли само на себе, глупаво е да чекаш некој да верува во тебе.

Интелигенцијата е заштита од досада.

Често се случува таа да инсистира на врска со некој кој му е само до секс, а нема срце да и’ ја каже вистината за да не ја повреди.

Во поново време за да имаш успешна врска треба да имаш стабилен интернет.

Најчесто имаме слобода на избор колку крава каде да пасе во областа каде и’ е одредено.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот