АФОРИЗМИ 9 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20100414

Пишување 

АФОРИЗМИ 9 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога ќе се занесам филозофирајќи, најчесто ме прекинуваат со : „ А што кола возиш ? “

Лагата често посегнува по женските гаќички.

Лагата е основна алатка на политичарите, ја доведоа до стадиум на уметност.

Кога ќе ти се нафрлат за нешто што нив ги мачи, а нема врска со тебе, тоа се предрасуди.

Целта е да не работиш за друг, затоа што нема таков кој ќе го цени тоа.

Се плашиме да не бидеме сами, на штрек сме кога не сме.

Ќе скршиш некоја пломба нервирајќи се и потоа забарот ќе те одере и на крајот ќе се запрашаш дали вредело толку сето тоа.

Во културата лесно се сокрива лагата.

Никогаш не можеш да бидеш сигурен дека тоа е тоа. Дури откако ќе го загубиш може ќе ти текне.

За успешна врска важно е да не бидеш без врска.

Ако изневери, не се пофали, но се покае, исто како да не било.

За успешна врска треба да држиш чекор со неа, а за тоа не треба да ти бидат разлабавени врвците.

Кога одиш сакаш да застанеш, кога ќе застанеш, сакаш да седнеш, кога ќе седнеш сакаш да легнеш, кога ќе легнеш сакаш да спиеш.
Кога ќе ја бакнеш сакаш да ја прегрнеш, кога ќе ја прегрнеш, сакаш да ја легнеш, кога ќе ја легнеш...сакаш да спиеш.

Чувството на вина се намалува пропорционално со испиени чаши вино.

Како што мачките веќе не го чекаат Фебруари, така и малолетните не чекаат веќе на лична карта.

Љубов е за неа галење и милување, за мене секс и фалење.

Да ја чекаш сама да побара, а таа нервозна оти не и’ бараш, ќе помисли дека не е привлечна, а ти си само културен.

Кога ќе се боцнеш, дали од игла или нешто друго, никогаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе нема последици.

Ако нема други аргументи да докаже дека е паметен, тогаш често се повикува на годините.

Мојот карактер е како петарда. колку подолго ме чува, се рони барутот и кога ќе треба да пукне само шишти и дими.

Колку повеќе постојат докази дека вредиш толку повеќе ќе ти биде понижување да се спуштиш ниско дури и по цена да не ја исполниш целта.

Додека се трудиш да стекнеш самодоверба, лесно можеш да лизнеш во ароганција.

Кога некој си зема за право да ти кажува каков да бидеш, значи си му дозволил да земе од тебе што сака мислејќи дека тоа е негово право.

Сите имаме напади на наивност, важно е да имаме среќа кој баш тогаш ќе налета.

Кога ти треба утеха, а добиваш критика, значи тоа му е шанса да ти докаже дека си глуп и така тој добива неочекувана шанса да се теши со тебе.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот