АФОРИЗМИ 4 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20100321

Пишување 

АФОРИЗМИ 4 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Со Марко Поло бил и Курто во Азија. Таму научиле многу културни работи и така настанала куртоазијата.

Ајдучката трева била лековита за многу жени оти таму ноќе се криеле ајдуците.

Во речник пишува дека "gay " е весел и насмеан човек. Ај насмеј се се сега ако смееш.

Си била Љуба која се’ нешто морала, а другите не морале. И така таа станала љубоморна, а тие неморални.

Кога некој те сака, а не знаеш дека те сака и ништо не неправил да дознаеш дека те сака, тој у ствари и не знае што сака.

Ако ти вели дека си таков онаков значи не признава такво онакво сакање и дека тебе ти е само до таквото заради онаквото.

Сите си имаме своја претстава за љубовта и се правиме режисери додека работиме со аматери од кои со сила сакаме да изведеме добра претстава.

Кога еден ќе испадне друг, бараш трет кој ќе биде еден. Јен, два, три...јен, два три...

Прељуба значи многу да љубиш...значи си претерал.

Некоја згодна на улица го има истото што и таа дома само што имала среќа да не те сретне тебе.

Кога да му кажеш дека си бремена ? Додека мести ќерамиди на кров.

Како да се надмине разводот ? Пријави се во војска.

- Мамо, ти викаш дека сум бил кај тебе во стомак ?
- Да сине.
- А кој ме пикнал мене внатре ?

Што преставува родител ? Ограничувачки фактор и извор на трауми.

Секоја која сум ја затруднил, сум си ја земал.

Има бракови без љубов колку што има љубови без брак.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот