АФОРИЗМИ 3 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20100321

Пишување 

АФОРИЗМИ 3 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Се претворам во Дурексман и тргнувам во акции под закрила на мракот.

Мажите се строги противници на неверството, но жените се премногу упорни во употребата на неконвенционални оружја.

Љубов е да ги оставиш цигарите заради саканата личност.

Тоа што го нарекуваш љубов го измислија типови како мене.

Зар сум живеел пред тебе ? Ма гарант си ме ископала од некои гробишта.

Те сакам дури повеќе од мајка ти и татко ти.

Сакањето е сакатење и се третира како привремена инвалидност, ако не и трајна.

Ако не дава мораш да и’ бидеш пријател додека не се предомисли.

Пријателството помеѓу маж и жена мора да биде на мека основа.

Ако си спремен да спиеш на нејзиниот газ наместо перница, значи навистина имаш доверба.

Најдобро се изразувам во второ лице во темнина.

Неверството не треба да има негативна конотација кога често се фалат со тоа.

Љубов е кога му мислиш се’ најлошо на секој оној кој ќе разговара со твојот партнер. И уште ако се насмеши ?! У мисли го сецкаш ко зелка за салата.

Жените ги сакаат мажите оти тоа ги исполнува.

Не сум љубоморен. Она ме вика ненормален.

Да сакаш значи да го докажуваш своето постоење. Никогаш нема да биде запаметен ако не знае да сака, дури ни‘ од своите деца.

Мажите изневеруваат затоа што се загрижени за наталитетот.

Кога жена ке каже - Не ! - нема сила која што ќе ја врати. Кај машко тоа не важи, мажот може да си дозволи да биде и глупав.

Има разлика ако изјавуваш љубов пред Нијагарини Водопади или додека поправаш казанче за шоља.

Па ако долго време не си чул убави зборови, тогаш си лесен плен за прељуба.

Не постои втора шанса за прва импресија.

Кога ја запознавам ми е страв да не испадне глупа оти сите оние кои нема да им се допаднам се глупи.

Важно е да не си и’ втор. Бројот два е лош број, на пример на погреб се носат два каранфили.

Не е проблем љубомората во врската туку таа што е надвор од врската т.е. кога подолго трае почнува да ги нервира нашите пријатели затоа што се чувствуваат запоставени.

Жената те прави жена, љубовницата љубовник.

Хормоните ги сваќам како меурчиња од кисела вода, пријателството како мучкање флаша, а еднаш мора да ја отвориш флашата и ...чуууууш ! прска наоколу..

Женет маж има истрпено поише трауми и е поотпорен доколку не е мрднат, а она си вика кој ќе ме трпи ваква сем женет, беќар ќе ме отера у пм ако му обесувам многу

Немој да бидеш таков ( Ај не јади гомна )

Женети мажи се атестирани.

Пози меѓу рози и детелинка меѓу нозе.

Ако чудно ти мириса телефонот тоа значи дека ти се јавувам од ВЦ.

Ако помисли на друг, да стане дебела, цицките да и ги снема да стане рамна даска, влакна да и никнат како на Јети, херпеси и ако флертува на интернет да и изгори матичната плоча

Ма ќути, сме имале среќа, сите се расипани само нашите не се такви

Само особа ко мене може да ме направи љубоморен оти не е за верување.

Љубовта штити од импотенција. Нема вљубен човек на кој не му се дигнал.

Земи си “Дове“, никогаш не можеш да знаеш каде ќе бидеш бакната

Природата жената ја створила да носи 20 % без гајле плус од својата тежина заради трудноќата. Значи ако има 70 кг. ( 7 по 2 = 14 ) и ако носи 16 кг торби од пазар, тие 2 кг. вишак оти сум каваљер ги носам ја.

Кој пробал жена виси по забари оти многу е слатка и му се расипуваат
забите.

Сладоледот е женски изум, вежбалка.

Да имате што да си кажете, значи и ако немате проблем, напрајте го.

Сеуште немам прекинато врска иако тие го мислат спротивното.

Карактер значи напнато натегнување.

Ако се олабави и ти наоѓа мани дека си ваков онаков, прсни се со женски парфем и дојди си дома.

Се почна со татко ми оти не пазеше.

Не треба со неа да правиш муабет како со другар оти не ти е другар, а ниту е машко.

Јади лук и кромид за ви биде бакнувањето незаборавно.

Фини се само тие што се од Финска и поштени само тие што работат во пошта.

Оној кој може да сака една, ги засакува сите.

Мажјакот мора да го осигура генот и затоа мора да има колку е можно повеќе женки...и ќе се погоди бар едно да биде негово.

Како што за невиноста се зборува со подсмев така ќе се зборува и за неверството.

Мажите сакаат помлади жени оти побрзо ќе му ги пронајде наочарите и вилицата на тепихот.

Да сакаш, а да не си сакан е исто како да имаш запек.

За една врска да биде успешна потребно е да имаш крст, венец од лук и сребрен куршум за кога ќе се повампири или ќе стане вукодлак.

Кога јадам сливи не знам зошто многу сум разнежнет кон женскиот пол.

Вистинскиот маж е карактер со другите , а лигуш со саканата.

Кучињата се верни и сакаат да го лижат сопственикот. Значи верноста се докажува со лижење.

Пари нека има, љубовта ќе си дојде сама по себе.

Кога ќе даде една, таа едната не дозволува друга.

На мојата сакана други машки треба да и’ се одвратни како и на мене.

Многу жени сакаат маж со кариера и само нив да ги сака, занемарувајќи го
фактот дека и други жени сакаат таков .

Порано мислев дека распуштеници се женски особи кои ја завршиле школската година и се распуштиле.

Кога сенката на тоа што ти го покажувам ти го покрива лицето и твоите очи се шират од изненадување.

Никогаш не сум изневерил во љубовта. Секогаш мене ме откачувале.

Кога немаше интернет љубовта подолго траеше.

Само жена може да освои жена оти точно знае што и‘ треба.

Бирам со кого се фаќам и не раскинувам.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот