АФОРИЗМИ 67 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20120511

Пишување 

АФОРИЗМИ 67 - ЗБУНЕТ




Кој е станат нека го искористи тоа што е до него пружено.

Каде нема насмевка значи нема да добиеш или не си барал.

Како ли би изгледала змија да голтне “Вијагра“?

Престани да лажеш додека глупи луѓе не почнале да ти веруваат.

Јади кисело, пиј горчливо и ништо нема да може да те изненади.

Поставувај глупави прашања за да знаеш со кого си имаш работа според тоа како ќе реагира. Ако почне да вреска не ти треба соработка со таква будала затоа што доаѓа до ситуации кога нема да иде како подмачкано.

Најтешка борба е да се бориш против својот страв затоа што други ти го наметнале, што значи се бориш против многумина истовремено.

Ако и’ е неуреден дворот, кој знае каква е кога ќе се соблече.

Сега е во мода гаќите да се гледаат, а на балкони ги забрануваат.

Ако пие повеќе од чашка ќе му се одврзе јазикот и ќе дезертира од умот.

Гордоста и мудата се слични. Ако го удри по гордоста ќе го боли исто како да бил удрен по мудата.

Пред секој Великден Антихристите ги качуваат цените на јагнешкото и јајцата.

Тенка е границата помеѓу соговорник и сооговарач.

Дури и обичниот човек може да биде лице за односи со јавноста - Одсек - За подсмев.

Секогаш постои подобар начин - Избегај од тука!
Кампања за креативното иселеништво по секоја цена.

Штом не можеме да бидеме богати, тогаш мораме да се сакаме.

Ако машки мрморат дека си глуп и неинтересен, тоа значи дека си женкар, а не геј.

Секој некој пред се’ е свој и не може секогаш да се очекува да одговара на нашите потреби.

Споро зборувај затоа што ќе те прекунат во среде реченица и така ќе заштедиш на зборови.

Многумина можеби те сакаат за забава, но многу малку за сериозно.

Вистинскиот човек не лаже, не краде, не е користољубив...и не постои.

Заклучок од еден глупав филм каде ги бркаше еден голем глупав крокодил: Ако има убави глумци, а немаат поим од глумење и веќе ако толку им е мерак, нека глумат во порно.

Си оди ноќта црна,
се буди белиот ден,
боси табани тапкаат,
првите казанчиња кукурикаат.

Кој почнал нешто вчера, денес ќе го продолжи или заврши. Кој ништо не правел вчера, па што мора денес?

Постои разлика помеѓу оној кој е мирен или се продава за ефтино, но кој да ги разликува?

Мажот на прво место треба да настојува да има усовршено сетило за допир како слепите луѓе, а не мускули, не ќе се тепа со неа.

Колку помалку секс има, повеќе шанси има да личи на труден.

Не му давај доле да падне и викај му:„ Не доле! Џиш! Какано!“

Не дека немам муда за шфалерка, туку потоа нема да ги имам.

Што е судбина? Располагање со информации и нивно користење.

Што е љубов? Краткотрајни или подолготрајни совпаѓања и надополнувања.

Со клуч си го чисти ушето и си го брише од јакната, друг вади што му се заглавило помеѓу забите и се брише од панталоните. Ете уште некој пример како може да се искористи нашата облека.

Зошто е тешко да успееш? Затоа што ретко на кого би му било мило ако успееш.

Покрај зграда повремено може да се забележи дека на некоја и’ поминал мензисот затоа што биндата ја фрла низ прозор и така ние останатите сме благовремено информирани.

Сите сме салами, само по некој е посебна.

Можеш да завршиш на многу курсеви, но сепак да не го погодиш вистинскиот курс и залудна да ти биде сета стекната куртоазија.

Еленот треба да внимава да не му закачат и заплеткаат роговите оти во меѓувреме некој друг елен може да и’ се закачи и заплетка со неговата еленка.

Има многу мудрости, но се губат во праксата.

И срцето е мало, ама јако чука, значи до чукањето е.

Работи многу, очекувај малку или па ич.

Ништо не ти доаѓа само од себе, може само да избега од тебе.

Најчесто ми признаваат дека сум во право додека стојам.

Убедувањето постои за да ти сменат психолошки опис.

Не ми е јасно, ако толку им се убива, зошто не убиваат политичари, бизнисмени и директори? Тие се секогаш виновни и никој нема да ги жали.

Преку војна се доаѓа до мир, преку мир се доаѓа до корупција и перверзија, а преку нив се доаѓа пак до војна.

Не мора сите да се сакаме, доволно е жените да си ги сакаме, а тие ќе ни’ кажат што треба да правиме.

Сакани маж или жена не се амбициозни, туку среќни.

На некого му е татковина, на некого очув педофил.

Зошто дозволуваме да го изгубиме тоа кое го имаме? Епа така, за после да си имаме топла кака.

Наскоро ќе започне сериско производство на женски гаќи со детектор за лаги, така да нема да можат да се соблечат ако ја убедува некој лажго.

Лага најчесто е нешто што би било добро кога би било вистина.

Ако се познаваме, не значи дека не ме бива, а можеби сум и подобар од тебе, ама тешко дека ќе признаеш.

Некое слабо гласче во главата ми вели дека постои спас и излез...ама понатака нешто мумла и ништо не го разбирам.

Ми касни плата...ќе ја гушнам и ќе и’ кажам дека ја сакам и можеби ќе заборави да ме праши дали сум зел плата.

Често ни’ паѓа тоа што не треба, таков бил животот.

Па нека го вадат пол саат порано да не праат бељи, пошо ионака сите се фалат дека тераат со саати.

‎- Кажи како ни’ беше вчера, а?!
- Ненормален.
- Амор вчера се десија повеќе работи, ти на шо помисли?

Ако немаш врска, се“ ќе ти биде без врска.

Ако немаш информации, тогаш следи ја логиката, наместо да тропаш глупости.

Животот не ти го дава тоа што очекуваш, а ти го зема тоа што не очекуваш.

Феникс е всушност запалена птичка која потоа се обновува и станува како нова.

Кој те критикува е лош и злонамерен, а кој те фали е лицемерен и чека грб да му завртиш.

Колку помалку зборови се употребени, толку е поверојатно дека е вистина.

Чувај се од мајстор - занаетчија плус филозоф.

А може и паметно прават на “оние“ филмовине: Наеднаш со тројца и ќе си се реши со кого да се земе, наместо да губи време па да оди со еден, па со друг, па раскинуење, па плачки и трауми.

Што е виртуелна љубов? Овој ја стрви преку камера и чат и после она ќе му се џитне на мужот дома.

Зошто не им е мило на некој близок што ќе успее? Оти тоа значи дека си заминува од нив у друга класа и ќе станат поосамени.

А често може да се сретне “ Идеалното, тоа сум јас“

Ако не ја палиш, тогаш само ќе жарите ко пријатели.

Од лоши жени и мажи се зголемуваат тиражи.

На жена мораш често да и’ го свирнуваш со свирчето оти ќе го згреши правецот или ќе мине на црвено.

Оваа летна сезона ќе бидат хит машки бермуди со три ногавици.

Проблемите се како буба шваби и лебарки, штом си видел една, значи има многу.

Кој број иде после втор? Вторнаесет.

Новчаникот е како сидро, колку е потежок, толку е постабилен.

Луѓето најчесто се отвараат кога нема што да се земе.

Животот го губи смисолот кога ќе стане навика.

Постојат два вида на жени: Кои те сакаат и не те сакаат, а најверојатно е само еден вид на жени.

Никој не е совршен, но бар маните да му се симпатични.

Не може да биде лошо тоа што ти годи, затоа што само така насмевка ќе ти се роди.

Да бидеш водач значи да ја натераш масата да работи за тебе мислејќи дека е за заеднично добро.

Колку повеќе способни има, толку потешко се спроведува самоволие.

Нема поголеми клошари од тие кои меѓу последните си одат од работа.

Тоа што на јавно е мало, на скришно е големо, а и обратно.

Каде нема правилна информација, таму настанува деформација.

Иако навидум те разбираат заради неуспехот, вината не можеш да ја избегнеш.

Се лигави кај мора, рже кај може.

И’ побарал, таа го одбила, но и понатака таа си го преставува како пријател.
И’ побарал, таа го одбила, тој чека таа да се премисли, глуми дека е фин. Лицемерие или идиоти се фаќаат за сламка?

Твојот капитал се сите оние кои ги сакаш, а имаш и нешто акции и во тие кои си ги сакал.

Само од страв од грешка се прават катастрофални грешки.

Лоша жена е таа со која ти е убаво, затоа што ако те остави ќе се чувствуваш неподносливо мизерно.

Нема поголем фалбаџија од бившата затоа што ќе те удави со самофалење колку и’ е подобро без тебе и како и’ тргнало во животот за кој си и’ бил препрека додека си бил со неа.

Не можеш да бидеш во моја кожа, но јас можам да бидам во твојата слузокожа.

Пријател те прифаќа и кога те прифаќаат.

Сите сме различни индивидуи...само 10%, а другото го диктира државата.

Со годишна плата во градско подрачје можеш да купиш 2 - 5 м2 станбена површина под услов да не јадеш, не се облекуваш и да не сакаш никого.

Каде владата се плаши од народот таму има и висок стандард.

Пред брак е награда, во брак е следување.

Смешно е кога машко мрда на страна, а не женско, оти машко може и да лаже за да се напраи фраер.

Не е страшно ако отиде со паметот, но страшно е ако не си обезбеди повратна крата.

После лошо иде добро, само лошо е ако лошото си ти.

Зошто всушност сакаме да се збогатиме и станеме моќни? Затоа што нагоните тоа го бараат за целосно да завладеат со нас.

И како да садиме дрвца кога утре таму ќе се кријат терористи, криминалци и манијаци?

Кога си сардисан од проблеми, од никаде немаш помош и не знаеш како да врзеш крај со крај, тогаш...тешко тебе.

Многу непријатели всушност би сакале да не’ бакнат, ама во чело.

Што е љубовна неписменост? Се сакате, ама не можете никако да се разберете.

Тие се лоши за нас, ние сме лоши за нив, но едни од лошите мора да победат.

Квалитет не значи секогаш успех затоа што не може секогаш да се комерцијализира.

Само преку правилна овулација поттикната од љубов, а не од интерес, ќе доведе до правилна еволуција.

Секој треба да се труди да го види тоа што треба да биде видено, а не тоа што му се причинува затоа што не разбрал.

По лижење, мислите се обично повесели.

Можно е и ѓаволот да те неќе, на пример директорот во фирма каде работиш.

Иднината е пред нас, можеби малку е подалеку и ни’ бега, ама се надеваме дека ќе ја стигнеме.

Зад добар коњ, прашина се крева...затоа што му се влече по земја.

Дрпение - Спасение.

Колку му е помал куражот, толку му е поголем црвот на сомнежот.

Тежнеј да ги достигнеш тие што се подобри од тебе, а тие што се бетер се ионака скоро мртви.

Зад добар галамџија и кривинаш се крева прашина која го покрива мирниот и вредниот.

Кој се грижи всушност мижи.

Во иднина ќе има и роботи кои ќе ги заменат мажите, со повеќе брзини ко точаци и ќе бидат програмирани според некоја љубавна серија.

Искрени чувства се кога те гледаат намќорасто, а лицемерие е кога ти се смешкаат.

Ни јас не знам во што да верувам, верувам само во тоа што го држам во раце, а моментално...

Како машки кажауваат за некоја дека има маж што ја сака? „ Батали ја, не се закачај, има маж психопат“

На почетокот и малку е многу, пред крајот и многу е малку.

Доверба се гради, доверба не се цицки.

Ситничарење во склоп во патетична драматизација. Е тоа е карактерен полив.

Ние се служиме со мали лаги и лицемерии, а тие кои се на власт со големи. Каде е разликата? Лагата е сепак лага.

Ненормално е што не’ купуваат со тоа што ни’ следува т.е. нешто што е нормално да се добие на нормално место.

Некој има “Јас“, некој само газ.

Ако сакаш да дознаеш каква е власта слушај ја опозицијата, ако сакаш да дознаеш каква е опозицијата слушај што кажува власта за нив. Но, никогаш не слушај што кажуваат за себе.

Нема губиток, има само добиток.

Многумина инспирирани од тртење, се посветила на цртање.

Не можеш да му се допаднеш на секого, ама па секој не може да знае што сака.

Жената е како музички инструмент да биде свирната.

Жената е радост и смеа, понекогаш знае и на нос да излезе, ама важно потоа веселбата продолжува.

Се познава каде е испрскано со кисело млеко, а каде се’ е бело.

Повеќе се трудат да се покажат како изгледаат од колку да покажат што имаат сработено.

Велат дека сега ќе бидат задолжителни апарати за реанимација на срце. Па кај нас одамна требаат затоа што се’ повеќе се без срце.

Кој знае работи, кој не знае краде од тие кои работат.

Ако заминеш, таму нема никој да те сака. Ако останеш тука, ќе ги загубиш тие кои те сакаат.

Знаеме дека не’ лажат, но се надеваме бар еднаш да биде вистина.

Нови лаги доаѓаат и со нив се тешиме.

Многу заминаа, а други со паметот, изгледа нема никој да остане тука.

Смеј се, ионака нема ништо сериозно кај нас.

Има и бетер, а замисли како им е на сите други кои таа не ги сака, туку само тебе те сака.

Зошто спонзорушите имаат долги нозе? За да не можат богатите да им избегаат.

Која е спонзоруша? Таа што не ти прави муабет.

Верноста на жената се мери според тоа колку мажи одбила, ама кои и’ се допаѓале, а не секакви да вбројува во математиката.

“Мултипла неуроза“ предизвикува двојна личност и меѓусебно се исклучуваат. Значи тој кој изневерил можеби не бил свесен што прави заради болеста и можеби не е тоа што веднаш помислуваме.

Решение е спасение само ако не е во облик на демагогија.

Кога трпението преоѓа во навика станува изговор.

Цмок во ноќ, предизвикува смок во ноќ.

Колку повеќе знаеш со толку повеќе можеш да се скараш.

“Газдава...“ Не значи дека газ дава, туку баш напротив, ти ќе дадеш.

Љубовта е како вежбање, колку повеќе вежба, толку поголеми љубовни мускули му растат. Ако не вежба редовно поголеми мрсули му висат.

Мудроста на прегратката е поголема сите можни зборови.

Не ми изгледа дека лошите се убиваат меѓусебно, како да имаат некој договор демек се мразат, а всушност тоа им е изговор да ги убиваат невините и тие кои се способни да сакаат.

А само најблиските можат да призведат монструм. А потоа испран мозок и крив е некој друг.

Има повеќе начини на победи и важно е на кој начин ќе победиш, затоа што победата е видлива и може лесно да ја прогласат за пораз, А има многу поразени кои биле повеќе почитувани од победникот кој бил прогласен за бедник.

Не спиј со жена која ја боли грло, затоа што ќе добие ларингит.

Кога заебава интернетот значи дека се префрлил на “Прцнет“.

Што е трета смена? На здраво болен да се направиш.

Богатите уживаат, сиромасите љубат.

Ако добро ја слуша неговата љубена и преку најскапан телефон, значи навистина ја сака.

Таа однапред го знае каков е.

Сексот е убав кога се игнорира светот и неговите обичаи.

Има многумина кои не знаат што зборуваат, за да те восхитат тие малкумина кои знаат што зборуваат.

Склон кон предрасуди е кај шут па сака и да боде.

Трпението е сон од кој се будиме стари.

Кога ќе си дадат тоа што никому не дале, ќе доживеат тоа што од никого не доживеале.

Сите имаме посебен сон кој не’ повикува да го реализираме, но често се откажуваме затоа што сме опркужени со откажувачи.

Ако машко сослушува љубовни јадови на неговата пријателка, тоа е за да го открие моментот кога би можел да го замени.

Не знам зошто политички лидер ми асоцира на педер.

Нејзината планина е зрнце, а твоето зрнце е планина и така доаѓа до расправии.

Кога нема светлина се бориме за посветол мрак.

Не е залудно потрошено времето на глупави и лоши луѓе, затоа што ќе те научат како да ги препознаваш и понатака времето ќе ти биде чист ќар.

Зошто не носам накит? Па што ќе ми е покрај тебе?

Не им верувавме на некои со кои бевме, сега сфаќаме дека требало да им веруваме, а и обратно.

Нема никогаш да те напуштам доброволно, само ако дојдат Вонземјани и баш мене ме побараат, но не за експерименти со мене да прават, туку за Амбасадор, а и тогаш пак со мене ќе те земам.

Меѓу човештвото не се пронајдов, шансата ми е само Вонземјани ако дојдат.

Ако велиш дека таа што ми дава ишарет е глупа, па зошто тогаш се плашиш дека ќе ме заведе? Глуп сум јас? Тоа сакаш да кажеш?

Треба да си ја одржуваш бавчата, но треба да имаш на ум дека луѓето сакаат да чепнат во одржувана бавча, а не во запуштена.

На погрешни луѓе ја трошиме довербата и потоа немаме за вистинските.

avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот