АФОРИЗМИ 66 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20120405

Пишување 

АФОРИЗМИ 66 - ЗБУНЕТ




Според саморекламите на Владата изгледа како да живееме во Шведска, а сите ние сме плавуши.

Квалитетот излегува на површина дури од како сите опции ќе бидат исцрпени.

Ако направиш повеќе од тоа што се бара од тебе, никој “Фала“ нема да ти рече, но сигурно нема да ти додаде од вишокот кога ќе направиш помалку.

Прашуваат кога не знаат, кога знаат не кажуваат.

Сакам многу повеќе пари, ама со лесно. Џабе ми се пари ако почнам сам со себе да зборам.

Среќата е несреќа на почек.

Ништо не е вечно, но многу работи за нас се.

Сигурно дека нема да не’ ослободат од ланците, но бар да бидат подолги.

Кај краток, животот ни’ го направија и плиток.

Не постои вистинскиот начин, посоти само твојот начин.

Интелигентен не значи моќен и богат, ама значи интересен. А моќен и богат не значи интересен, а ни интелигентен.

Сакаат богати мажи, ама сакаат деца од шфалерот.

Идиотите можат да си дозволат да бидат такви, имаат грб. Ај смеј биди идиот? Тоа е веќе привилегија.

Зошто партнерот се случува да здосади од како ќе биде освоена? Оти риба у море може да скока вака или онака, а у тавче легната на брашно само на еден начин.

Ако те напушти и не можеш без неа, самоуби се така што ќе се предозираш со многу други жени.

Дека те љубам нема никаков сомнеж, ако не е така, тогаш сум гомнеж.

Довербата е како чисти гаќи на кои со време се појавуваат дамки.

Попаметните попуштаат и затоа многумина од нив не успеваат.

Кога има ПМС комуницирајте преку СМС, посигурно е.

Тиа со големо “Јас“ често се со голем газ.

Во секој од нас се крие змија или магаре со кои им даваме избор на другите.

Да имаме Вера добро би било, но ние немаме ни Верче.

Дали постои пријателство помеѓу маж и жена? Исто како што веруваат дека има вонземци, а никој не ги видел.

Радувај се на денешното пријателство, затоа што утре може да си станете душмани.

Некои работи ме враќаат во минатото, воздивнувам. Подрумот пак се натрупал со глупости кои треба да се расчистат.

Кој има добар секс? Тие кои имаат добар карактер.

Парите се тест на пријателството, малку скап тест, но сепак лекцијата е незаборавна.

Не претерувај со позитивноста за да не станеш ХИВ.

Слонот има сурла, ама нема непријатели.

Првата љубов е како првото какање во нокшир кога се ослободуваме од пелените и започнуваме со самосталноста.

Кога некаде те мразат тоа значи дека имаш свој карактер или си навистина голем идиот.

Каде има природен отвор, си треба еколошко лепило.

Сега има и теписи со дигитална слика. Може да се вметне и твоја слика и ќе може да газат по неа.

Петелот кукурика за да ги оглуви кокошките и да не можат да го чујат кога ќе им рипне одзади.

Со работа не се стекнува, за криминал не не’ бидува, што значи само на среќа ни’ останува да се надеваме.

Кога би отворил телевизиска станица би ја нарекол “ Идиотска телевизија“ “Само за идиоти“
И нормално, ќе очекуваат нешто несериозно, но баш напротив, би го правел истото што го прават и другите телевизиски станици.

Ако ги гледаме работите какви се навистина, не треба во ништо да веруваме.

Кога правам што сакам и како сакам, тоа значи дека сонувам.

Кога си непрекинато добар, провоцираш тоа да биде злопупотребено.

Кој греши, пак ќе греши, кој простува, пак ќе биде заебан.

Тие кои не’ ценат, најчесто не не’ познаваат доволно.

На многу места сум бил, но најубаво ми е во тебе.

Кое месо е најдобро да биде во пица?

Кога добрите дела би го продолжувале животот, тогаш секој би бил добар.

Мораш да се спуштиш на негово ниво за да се разберете затоа што тој никогаш нема да биде на твое ниво.

Каде има пораз нема чест, каде има победа има сомнеж.

Сепак постои шанса дека идните арехеолози по грешка ќе не’ впишат во историјата како значајни луѓе.

Нема појасен показател за ментално заболување од говорот на омразата.

Ништо не е блиску кога ти се брза.

Животот е малку безвезе, ама нема везе.

Како да го сочуваш детето во себе? Речи му на директорот дека е лопов и никогаш нема да добиеш поодговорно и посериозно работно место.

Која ја сакаш фер е да се земете...бар два - три пати.

Каде има љубов има и крофна, слива, смоква, кобасица, морков и цвеќе во рака што расне.

Кој пипа, не скита.

Грбот на жената е како пољана, а напред се брдско ридски авантури.

Неисполнети соништа стануваат сеништа.

Не е важно ти што мислиш затоа што вистината е таа која мисли дека мислиш.

Најсмешно е кога на него би му се случувале работи колку на неа што и’ се случуваат, во смисол на скокотливи моменти, е тогаш паника и обвинување дека му мрда газот и како ја убодел у срце.

Секој однос најчесто од едната страна тежнее кон сексуален однос.

Најчесто наутро денот се планира со шоља и на шоља со топла содржина.

Постојат луѓе и нелуѓе. Едните ме сакаат, а другите не.

Гледаш на порно како викаат, дури жал да ти падне, а не можеш никако да им помогнеш.

Не е важно кој те сака, туку кој те има.

Многу папагали биле на прва клупа, а многу креативци завршиле на магарешка клупа.

‎'Gay' на англиски значи - весел, насмеан и расположен.
Дали си геј?

Кога тој не е доволно цврст, ни таа не е доволно отворена.

А на крајот ги гледаш испарувањата од топлите и навидум искрени зборови.

Ја и’ пуштам заводливи погледи, а таа мисли дека сум мутав.

Луѓето се великодушни со делење памет во облик на филозофија затоа што соговорникот не може да извлече никаква корист од тоа.

Вистинската убавина се гледа кога само е гола.

Многу мудрости се пренесувани од колено на колено, но посебно се интересни тие кои се пренесувани само меѓу женските колена.

Како изумре магијата? Во нивните рецепти често се споменува крв од девица.

Не верувам во Дедо Мраз и затоа не играм наградни игри.

Топлото срце простува, но кога ќе се прејде границата тогаш се лади.

Ќе се изгласа закон за еутаназија - убиство од милосрдие. Ќе се извршува во чекалните на државните здравствени установи.

Тенка е линијата помеѓу скромниот и скржавиот.

Образот некогаш беше важен, ама сега повеќе е чуден.

Каков поздрав е тоа? - Кај си бе да те ебам?
Ако е глуп да му каже.

Нема криви денови ако секој ден се трудиш да ти биде прав.

Згужвани фаци се влечат по улиците од умор, млади жени остарено гледаат во земја. Завршува работниот ден.

И вистинските личности се луксуз, затоа почесто сме опкружени со тие другите.

Ако има проблеми со висок притисок, жената легнува и тогаш се нормализираат.

На љубовното поле фијукаат бакнежи ко меткови, кој ќе преживее, ќе може да раскажува.

Лоповите се смешни затоа што земаат од едниот крај и преместуваат на другиот, а всушност се’ е Негово.

Биди мирен како жив песок и чекај ја својата шанса.

Стапот има два краја: Едниот за непријателите, а другиот за пријателите на кој има чоколадо.

Колку има поповолен извоз, толку цената наменета за тебе ќе се искачи понеповолно.

Кога ќе побараш идеја или совет најчесто ти тропаат глупости. Мислат дека исто е?

Многу од глупост рипнале во кревет и после се каеле...затоа што пукнал федер или даска.

Според муабетите на тие кои ги познавав и емигрираа, велат дека Македонскиот стандард е неспоредлив...и затоа не им паѓа на памет да се вратат.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот