АФОРИЗМИ 65 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20120308

Пишување 

АФОРИЗМИ 65 - ЗБУНЕТ




Како се познава заљубена жена? Кога се однесува како да не може друг да фати.

За страствен бакнеж прво едно пет минути гледајте во лимун.

Колку има живот во вселената? Исто колку што има живот наутро кога одиш на работа...значи џабе ти е што го има кога е толку далечен.

За да имаш односи треба добро да се однесуваш.

Кога имаш поинакво седиште ти се менува и гледиште.

Што е паралелна димензија? Има шфалер со други димензии.

Од како ќе станат и облечат тогаш ќе се види како стојат работите.

На крајот ќе го паметат само дупењето во ребра.

Лагата е украдена вистина која му припаѓа на некој друг.

Секој избор со текот на времето станува грешка.

Кој од волкот се спасил, станува волк.

Хари Потер е доказ дека мало стапче не може да заврши никаква работа без магија.

Некогаш смс и лични пораки немаше и затоа се разбираа со мрсулави марамчиња кои демек случајно ги испуштаа за да ги најде удварачот.

Љубовта е како тивка магија додека се’ додека не се вмешаат мајки, тетки, стрини, галама, зурли и тапани.

Слатко како мед, ама мириса на риба.

Некој бара една за да ги заборави другите, а некој бара други за да ја заборави едната.

Некогаш беа важни петки за во иднина да нема проблеми со сметки. Арно ама дојдоа на власт тие со двојки и понављачи и нормално дека ќе се одмаздуваат на петкашите.

Хакери упаѓаат во профили и во ваше име испраќаат порно клипови!
П.С. Секогаш можеш да се вадиш на хакерите.

Само индијанка можеш да ја залажеш со еклер.

Жените велат дека сакаат романтика и нежно зборување, а нивните тела велат „ Земи ме, земи ме и не дрдори многу“.

Како да бидеш културен со жена кога ти асоцира на нешто безобразно?

Самовили нема многу, ама затоа самоволни со лопата да ги ринеш.

Јас сум толерантен кон тебе дури и кога претеруваш. На пример кога ме фалиш.

На прост човек и вселенски брод да му дадеш внатре ќе закачи слики од Цеца и Крлеуша.

Точно е дека има работи кои со пари не се купуваат, но ако немаш пари можеш да ги загубиш.

Помладите се канат на кафе, а повозрасните на супа.

Што е блок листа? Вреќа полна демони.

Ем ќе даде, ем ќе и’ остане.

Да кажеш вистината некому, треба навистина да те налути.

Првата учителка ни’ е Десанка, многу дела се произлезени од тој наук.

Скриено, и пред и после треба да е миено.

Не кажувај оти никој нема да ти поверува, а и да ти поверува, никому не му е гајле.

Сочувај ја најубавата слика за себе, чувај ја како сидро кога ќе наидуваат бранови од мизерија да те нагрдат и ќе се обидат да повлечат со себе.

Како се познава која му е саканата? Кога има мака кај неа си седи.

Ако се збогатиш ќе се радуваш, а и тие кои ќе се надеваат на корист од тебе како таков. Ќе стрепи само таа која те сака затоа што можеби ќе те загуби.

Имаме его големо колку планина, а тешко е да се искачуваме по него.

Според најнови истражувања “ Вијагра“ им помага и на оние кои патат од половина.

Ако не забележува дека тој ја сака, а таа е сеуште со него, значи дека претпоставува.

Дарувајте им љубов на своите деца за да не станат какви се нашиве сегашни газди, директори и политичари.

Многу од сфаќања кои некогаш ни’ беа важни, сега ни’ се смешни и наивни, значи секогаш најчесто ќе бидеме смешни и наивни.

Кој пуши, не дај боже зло да мисли.

“Лапниго“ - сируп против кашлица за жени според древен рецепт.

Дали Американците навистина беа на месечината?
Можеби навистина си и’ втор, а можеби и не.

Направено погрешно, но со добра намера, е сепак подобро од добро направено, но со лоша намера.

ЕЛЕМ, мелем, ние испаднавме мрсул зелен.

Песимистот се жали на дождот, оптимистот чека сонце, а реалистот продава чадори.

Зошто машкото прави фаци при орален секс? Затоа што губи кислород додека му го ушмукува и се ствара вакум.

Сите сакаме да бидеме првите, единствените и последните.

Кога има љубов тогаш тоа не се лиги, туку нектар, тогаш тоа не е пот, туку парфем.

Цело време гњават “ Пријави корупција“, а никаде нема “ Пријави непотизам“.

Женско победуваш само кога таа победува.

Не владее логиката, туку психологијата.

Каде има љубов стапот има само еден крај.

Како медумите командаат така маса се таласа.

Времето е релативно во зависност дали е до тебе, под тебе или во тебе.

Не се плаши дека ќе ти го исперат мозокот затоа што тие само исполнуваат празни глави.

Лошите работи кои ни’ се случуваат ги предизвикуваат добрите, а и обратно.

“Сепак секој се трти“
Газолео Газолеј

Дигнитет е кога ќе му го дигне Тет а тет.

Често луѓето пружаат рака, ама да ти земат.

Само вол може да ти предизвика бол, и само крава која се прави дека дава, а всушност кај неа става.

Кои се најчести зборови кои женските ги слушаат од машките? Дој, дој и Дај, дај.

Тие имаат Ајфон, ама ние имаме Ајван.

Будалата се крие во секој од нас и ја чека својата шанса да се покаже.

Никому не му е мила туѓата несреќа, но мило му е што не го снашла.

Секое мозгање кое не носи профит се нарекува филозофирање.

Кога гледаме во нашето минато често гледаме будала.

Е бев од ќеф.

Колку и да се долги пријатните времиња пократки се од најкратките лоши времиња.

Намќорот нема пријатели и ќе мора шфалерот на жена му да го изнесе кога ќе му дојде судниот час.

Сексот чува лозје, ако пишува на табла дека ќе биде сексан тој кој ќе биде фатен како краде грозје.

Попрво ќе те предадат од колку да те сакаат, попрво ќе те игнорираат од колку што ти придадат внимание, но сепак немаш друг избор сем да се бориш за љубов и внимание.

Заеби хармонија, тоа е фантазија. Задоволи се со тоа малку што се разбирате.

Идеалното е најверојатно идеја на некој идиот.

Цело време повторуваме едно исто, а очекуваме различен резултат.

Се однесуваме позитивно или негативно, а кога спиеме сме неутрални.

За да одгледуваш слива или смоква си треба знаење, умеење и навремено прскање.

Разликите се толерираат заради сличностите кои ни’ се поважни, а не дека сме полни со разбирање.

Што се масни киселини? Ако подолго време не се избањале после секс.

Пред спиење се прави нарачка што ќе сонуваш.

Кога ти се сака и со чоколатце може да те излаже.

Ако нешто не ти се прави, а треба да направиш, а никој не те присилува, сам ќе си се силуваш.

Каде има љубов, таму може и да се пуши.

Телото е како книга, а допирот кажува каде има запирки, извичници и точки.

Ако кисело ти се смешкаат значи дека не си зрел за нивните потреби.

Ја сум твојот престол, а ти седни си на мене кралице моја.

Жените се пристојни и од нив не излегуваат работи кои сакаат да им влезат.

Кога почнуваш да сонуваш се чувствуваш како да пропаѓаш во дупка што значи и жените можеби доаѓаат од светот на соновите.

Еден е подмолен за да си ги оствари своите цели, друг избувлив затоа што сака правдина, а третиот се кези ко зелен затоа што нема појма што се случува.

Подарена среќа предизвикува дрскост и арогантност.

Ако вербално те провоцира значи сака со зборови да ти ги извади клештите.

Пријателство и пари - најчесто е како масло и вода.

Најсреќно суштество е полжавот затоа што е хемафродит и си има негова куќичка.

Овој фебруари ми беше подолг.

Некои жени имаат моќ да влегуваат во соништа и безобразни работи да прават таму. Сонувачот ама ич не е крив.

Жена која спие со маж кој рчи секоја ноќ си има музика на увце.

Правам се’ што не треба. Доаѓам на повик.
Шифра: Ѓаоло

Колку повеќе си платен толку имаш понормални колеги и комшии.

Воведување на западни норми каде има африкански плати е школски пример на идиотско друштвено уредување.

Емиграција значи ептен миграција поради мизерија.

Кога те масира и ако сакаш посилно, речи и’ да те замисли со друга.

Хипокрит значи лицемер, значи на таква заклетва се обврзале лекарите.

Оној пријател кој ќе ти стане непријател никогаш не ти бил пријател. Правиот пријател ќе се тргне на страна и ќе чека да ти поминат бубачките.

Кај го вадиш лебот... избриши прво.

Постојат само еднолични и дволични односи и затоа не треба да се сфаќаат премногу лични.

Ништо нема да се измени ако не се мрднеме.

Животот е давање и земање. Да земеш не мора, ама да дадеш мора.

Кога си сам тоа е потешкиот начин, и уште ако не те бива тоа е најтешкиот начин.

Некој ќе и’ предизвика насмевка ако и’ се обеси, а некој ако се обеси.

Малтретирачот пократко памети од малтретираниот и затоа после се чуди зошто му враќа на тој начин.

Не е банана држава, туку банана од држава.

Саемски попусти ми асоцираат на распродажба на глупости кои им останале.

На 8-ми март секогаш е поскапа рибата.



avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот