АФОРИЗМИ 52 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20110629

Пишување 

АФОРИЗМИ 52 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Рисот има најчувствително сетило за слух заради влакната на ушите. Значи и тие кои се повлекнести се почувствителни.

Мора и жабите да имаат некој нивни ФБ штом крекаат по цел ден и ноќ.

Маката и тешкотијата ја одржуваат машкоста. Од удобности се станува женствен.

Машкото срце е во облик на папуча.

Кој функција злоупотребува зло не мисли, само на себе мисли.

Да простиш оному кој искрено се покајал е доблест, но ако простуваш секому нема да те сфаќаат сериозно и ќе ти се подсмеваат.

Патиме, робуваме и не’ снемува. Тоа е смешната страна на животот.

Продаваш? Ако го купил татко ти можеме да праиме муабет, ако си го купил ти, да не губиме време.

Според мене тука владее кретенска економија која ја водат алчни гадови. Цени до небо, плати до земја.

Некои би рекле дека власта би сакала да не’ шпијунира и контролира, но тие само се грижат за нас.

Љубовта е како мед, само што медот нема рок на траење.

Туѓите мислења се како кори од банани од кои можеш лесно да се лизнеш.

Туѓа жена е како “ Космодиск “ кој можеш да го вратиш во рок од две недели ако не си задоволен од производот.

Ако имаш долг, не треба секогаш да брзаш да го вратиш.

Кога премногу сакаш лесно можеш да изгубиш осет што навистина сакаш.

Како ќе препознаеш ситна душа? Често раскажува колку е тој голем.

Ако е фраерка и и’ стиска, тој изненадено и воодушевено ќе вриска.

Убаво машко е геј, вистинско машко личи на мајмун.

Животот час е како езеро, час море каде има риби кои може солено да те чинат.

Политичарите имаат добри и професионални плати, а крадат од хоби.

Жената на старее туку на мажот му ослабува видот од блиску.

Бар за женско е лесно да си фати фраер. Само нека се смее на неговите глупости и готово.

Ноќта е за да се прави тоа што се прави ноќе и ако не го направиш како треба денот кој следува нема да ти биде баш пријатен.

Жената гледа со срцето и затоа мора да биде раскопчана колку е можно повеќе за подобро да види.

Кој од одговорност бега, тој детето во себе сака да го сочува.

Не постојат неубави жени. Постојат само арогантни и некултурни.

Кога ќе не’ нема, живите ќе не’ паметат до три дена и тек тук по некоја мисла, ама па затоа интернетот ќе не’ запамети уште многу, многу подолго оти тоа му е работа.

Ако си сиромав тогаш си роб на луѓето кои имаат пари. Ако си богат, тогаш си роб на парите кои те имаат .

За да имаш познавање од животот треба и многу да пропатиш...и да имаш среќа да не полудиш од тоа.

Младоста постои за да правиш глупости, староста за да се каеш.

Кога ќе ја запознаеш вистинската жена ќе имаш право и да погрешиш затоа што ќе има разбирање за тебе и ќе се труди да те запознае.

Ние сме одамна влезени во Европа, дури и преку неа сме заминати со цените.

Ситиот почесто сере од гладниот.

Полжавите излегуваат од својата куќичка само за да се лигават наоколу.

Зошто многу креатори и гении ги признаваат по нивната смрт? Затоа што го обожаваат мртвото.

Ако погрешно те разбере бар ќе знаеш каде и’ е паметот.

“ По тебе за калуѓерка ќе одам, друго машко не сакам да видам!“ И откако ќе заврши бајката таа ќе сфати дека не си бил до толку лош како очекувала за да биде калуѓерка по тебе.

За да навлезеш до срцето на жената треба да се трудиш колку е можно подолго.

Погледите на жените со кои се разминуваш најдобро ќе ти кажат дали ти е откопчан дуќанот.

Пред разголено женско тело и најголемите филозофи молчат.

Водете љубов, а не математики колку ќе ви се исплати.

Кога жена принесува домашен сладолед што ли попрво?

Тешко е да процениш кој не те лаже па да му дадеш без да мислиш дека те заебал.

Шо е turn off ? Трн ! Офф!

Секс со жената на пријател е исто како да си имал секс со пријателот.

Жената се труди да го поправи тоа што го смета за грешка кај мажот. Тоа што е маж.

За идеален маж жените го сметаат меѓудругото да биде и успешен бизнисмен. Кај нас обично ги затвараат таквите. Значи жените сакаат затвореници.

Светот останува на младите, а не на манијаците. Манијаците никако да го сфатат тоа.

Кој штеди има, ама нема ништо да знае.

Машкиот пријател ќе посака нешто повеќе од женскиот пријател доколку таа има нешто повеќе.

Да му простиш на пријател кој ти згрешил е исто како да си рибал ВЦ шоља, си измиеш раце и седнуваш да јадеш.

Времето лета, заедно со нашиот памет, заедно со чавките кои ни’ се често друштво.

Не сакам слава и богатство, не сакам раскош...оти морам, затоа.

Главната причина за непочитувањето на соседните држави, а и другите, кон нас е нискиот стандард. Политичките несогласувања се само фарса и перење мозок. Ќе рече некој дека и соседните држави имаат низок стандард. А кога сиромашните се почитувале меѓу себе? Веднаш трчаат околу богатиот да му се улизуваат, а меѓу себе се клоцаат.

Љубовта е од духовна природа, а ова е материјалистички свет. Значи треба да бидеме среќни и толку што ја има.

Според некоја теорија жената од мажот го очекува тоа што го добивала од татко и’, а мажот тоа што го добивал од мајка му. Значи би му дошло како мајка му и татко и’ да се земале.

Тешко е да се докаже кој е поважен од вас двајца, но сигурно е дека и двајцата би биле мизерни ако сте сами.

Животот за некого е море, за некого езеро, за некого мочуриште.

Кој од жена не се плаши, тој ни од змија не се плаши.

Лошите луѓе се како нас само што за нив немаме оправдување како што имаме за нас.

Ако не ти лежи нема зошто да се оптеретуваш.

Нема подобро место од нашава држава за вежбање самоконтрола. Полно е со гадови кои ти доаѓа да ги утепаш, а ти секојдневно се воздржуваш и така господариш со себе.

Жената е контрадикција затоа што додека говори сериозно, нејзиното тело е несериозно, провоцира и деконцентрира.

Животот највеќе го ценат оние кои најмалку го заслужуваат.

Секој не е начитан за да знае, туку само за да се прави важен.

Оној кој ја разбрал вистината, разбрал и дека луѓето се само луѓе и ги гледа како несериозни деца.

Не значи дека ако не е мое мора да биде дискриминација.

Кога има нагла температурна разлика, а тоа е штетно за организмот, брзо спој се со друг организам за да се заштитиш од штетните надворешни влијанија.

Само сложни браќа куќа градат, можеш да чуваш колку сакаш мачки и кучиња, но нема да ти помогнат куќа да направиш.

Мажот треба да помага по дома, на пример додека таа е во кујна и готви тој може да и’ го забибери.

Секакви луѓе има...од смерни до настрани.

Луцифер ја створил политиката и затоа ја водат демони. За која страна да се определиш секогаш ќе биде погрешната. Така е смислена.

На жена треба искрено да и’ го дадеш тоа што го сака од тебе, за со доверба и радост да го прими.

За да допреш до душата на жената допри ја нежно било каде...па не баш веднаш таму.

Арогантен човек е како некој кој извршил нужда во гаќи и затоа е неподнослив.

На лагата долга и’ е сукњата, во кратката е вистината.

Надежта е како цицање прст и замислуваш дека пак ќе биде како некогаш во некои посреќни времиња.

Кога ќе пораснеме дознаваме дека светот не се вртел околу нас и ни’ се завртува во глава поради неспремност за таков брутален шок.

Многу црви имам изедено во цреши, но знам дека еднаш ќе дојде време за нивна одмазда.

Не е лесно да сакаш жена и секогаш да и’ погодиш, но уште потешко е да се сакаш себе си без таков предизвик.

Ако не обрнуваш внимание на тоа што ќе го добиеш или загубиш на патот кон целта, твојот труд ќе биде награден со искуство.

Црните мисли го затемнуваат и најсветлиот дел од денот.

Таа е на еден крај, а ти на другиот и со нетрпение го чекате моментот кога ќе се најдете во вашата средина.

Вистината не е за секого и затоа луѓето носат облека и кога е жешко.

Воодушевеноста е како ерекција, кога и да е, ќе спласне.

Го признавам судот само на мојата партија...чиј сум единствен член.

Кој дели многу совети, на дело е скржав.

Љубовта си го знае патот, но ако многу се лигавиш може да се лизне и падне.

Кога ти говори саканата треба да се претвориш во уво, а не во болва во уво.

Од цигари умреле милиони, а и на работа умреле милиони, е што е поштетно?

Кој има крупни очи на млади години, многу ќе моча на стари.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот