АФОРИЗМИ 39 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20110129

Пишување 

АФОРИЗМИ 39 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Кога во моменти на искушение ќе ти дојде да си кажеш дека си неспособен идиот, отвори ги прво очите и погледни каде се наоѓаш затоа што може така да ти се вика околината, а ти си се поистоветил со неа.

Се’ би било полесно да е еден ден само, да е само тоа...и да е само таа.

Трпење на значат јаки живци, тоа е мазохизам.

Оној кој е исплашен кога молчи највеќе кажува.

Ти си оној кога си тврдоглав, останатото само им го правиш ќефот на другите.

Останува млад само оној кој секогаш се однесува како пред испит. Професорите се арогантни и досадни стари прдала.

Првата импресија ќе се движи во позитивна насока доколку одговара на позата која си ја замислил.

Кој ли е постар занает? Проституцијата или папучарството?

Смела жена те држи напнат.

Може да боли од прв пат, ама ќе помине и замине.

Човекот треба да настојува брзо и навремено да сврши работа надвор оти времињата не се сигурни.

Ако те сака, што и да кажеш си забавен и интересен. Ако не те сака тогаш ненормален.

Жената е рајот, а околу има забранети јаболка. Кој посегне по тие јаболка ќе биде избркан од рајот.

Жените се како ТВ канали кои највеќе време одвојуваат за реклами.

Не постои побезначајна личност од таа која си ја преболел.

Најлесно заработуваат преведувачи на кунг фу и порно филмови.

Не е се’ во големината. Со пари се менува вистината.

Да се дигне од земјата потребни се повеке од 11.3 км/с, и откако ќе се дигне препорачливо е да биде од 15 до 20.

Целта постои за да ја исполниш.

Љубовта е предрасуда. Зошто баш и само таа да ја сакаш?

Жената е како супермаркет на два спрата. Само што долниот е поскап и има паркинг.

Легнуваш на трева и гледаш кон небото восхитувајќи се, легнуваш на жена и небото ти станува досадно.

Трудејќи се да се истакнат на пазарот на трудот, многу затруднуваат.

Постојат осамени кои протестираат со молк, но и такви кои хистерично бараат внимание.

Несреќа е ако признаеш тоа што те тера да признаеш, а не сака да го признаеш.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот