АФОРИЗМИ 38 - ЗБУНЕТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20110119

Пишување 

АФОРИЗМИ 38 - ЗБУНЕТ




(за повеќе кликни на насловот)


Нема послаткоречиви од тие кои бараат пари на заем, а нема ни поголеми филозофи кога треба да ги вратат.

Има и такви кои се разочарани од жените, а никој не ги видел со женска.

Само мајката е правата женичка богородичка оти ќе ти даде утеха и некој денар да ти се најде.

Сега знаењето е моќ и сила и секој мора да знае и ако не му фаќа лејката ќе оди на приватен факултет.

Замисли ти подметнат спална кој знае да зборува.

Целта на еволуцијата е да им докажеш на родителите дека ништо не знаат и ништо не разбираат.

Секој е надарен за нешто. Некој прави решенија, некој проблеми...

Секој страв носи во себе и нешто привлечно, инаку не би му обрнувале внимание.

Нема поубави и погрозни мисли од оние на никого или ретко на кого си ги кажал.

Ако ја боли главата, мажот треба да биде тврдоглав во напорите да и’ помине главата.

Ако на жената не и’ дадеш задоволителни и аргументирани одговори при распитот, може да прерасне во јавна расправа.
avatar
mekici

Број на мислења : 1382
Join date : 2009-09-10

http://mekici.ideaboard.net

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот